За нас

Extrabis (Екстрабис) е дистрибутер за индустриска безбедност кој нуди квалитетни, удобни, атрактивни и модерни СЕ сертифицирани производи од европските тест куќи по многу конкурентни цени.  Сите наши производи се увезуваат од водечки европски и американски производители.

Екстрабис е One-Stop Shop кој ќе Ви обезбеди заштита за Вашите безбедносни потреби за сите опасности, инциденти и ризици во индустријата.

 

             ШТО ВИ НУДИМЕ?

Екстрабис  е основана со единствена цел да Ви обезбеди:

  • Модерна работна облека и облека за во слободно време: маици, поло маици, џемпери, јакни, панталони, панталони со прерамки, комбинизони и елеци;
  • Заштитна облека за повеќекратна употреба: заштита од пожар, заштита од електричен лак, антистатична, отпорна на хемикалии, зимска обложена и водоотпорна облека;
  • Облека со висока видливост (целосен асортиман);
  • Повеќенаменски индустриски заштитни ракавици: заштита од механички ризици, отпорност на пресекување, заштита од удар, заштита од хемикалии, топлинска и ладна изолација, антистатик и ЕСД, отпорни на масла и масти, заштитни ракавици за работа со храна;
  • Комплетна лична заштитна опрема: заштитни шлемови, очила, заштита за уши, антифони и чепчиња за уши, маски, хемиски заштитни костуми, контрола на протекување и додатоци;
  • Детектори за гас и опрема за мерење;
  • Lockout-tagout (LOTO), сигурносни брави, етикети и ознаки за идентификација;
  • Прва помош, испирање на очи, тушеви за итни случаи, чистење, хигиена и заштитни производи за кожата;
  • Заштитна облека и додатоци за работа во ладни средини, водоотпорни, отпорни на ветар, дишливи и со топлинска изолација.