Услови за користење

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.
          1.      Општи одредби
Extrabis (Екстрабис) ДОО Скопје, ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
Extrabis може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
          2.      Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)
Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.
 
Екстрабис го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив. Сите информации во врска со трансакцијата купувач – продавница Екстрабис, се смета за деловна тајна и треба да се третира согласно законските прописи на Република Македонија.


КУПУВАJTE СО ДОВЕРБА

Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Избор на производи                                  

На почеток на секоја страница се наоѓа мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со наброeани производи. Од лева страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: тип, стандарди, материјал. Доколку сте го пронашле производот кој Ви се допаѓа, бојата и соодветниот број притиснете Add to cart и ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата корпа. 

Содржина на корпата

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за корпата, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.


Нарачување на производи од корпата

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа корпата да кликнете на копчето за "Checkout" за да ја пласирате нарачката. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Моментално достапен начин на плаќање е со банкарска трансакција по издадена фактура од наша страна.


Достава

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена достапноста на бараниот производ ќе Ви биде доставена фактура на Вашата емаил адреса. По извршената уплата Вашата нарачка ќе биде доставена во рок од 2-5 дена.

Рекламации

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, Ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 070/ 807 332 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата sales@rabotnaobleka.com и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе Ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.


ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на компанијата Екстрабис ДОО се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата Екстрабис ДОО се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ

Во случај на враќање на роба, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Екстрабис ДОО Скопје има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку банкарска трансакција, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот.
 

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.rabotnaobleka.comwww.rabotnaobleka.com.mkwww.rabotnaobleka.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со заштитата на приватноста на интернет.